Rıdvan Korkulutaş
11 Февруари 2017•Ажурирај: 12 Февруари 2017
КИЛИС (АА) – Светската фондација на бизнисмени од Тајван, донираше зимска облека за сиромашните сиријски и турски семејства во Килис, јавува Anadolu Agency (АА).
Во дворот на противпожарната служба се сподели првиот дел од помошта во рамките на кампањата за помош за 10 илјади лица, организарана од страна на Светската фондација на бизнисмени од Тајван во соработка со Црвената Полумесечина на Турција, Федерацијата за Мода и готова облека, и Општината на Килис, каде што беа присутни Амбасадорот на Тајван во Анкара Таи-хсианг Ченг, Градоначалникот на Килис Хасан Кара, извршниот директор на Светската фондација на бизнисмени од Тајван Џеф Јао , Претседателот на Федерацијата за мода и готова облека Хусеин Озтурк и други членови на тајванската фондација.
Донирани беа панталони, јакни и чизми и други видови на зимска облека и за сириските бегалци.
„Денешното донирање е мал чекор, но за владата на Тајван е добар почеток. Ќе продолжиме една убава соработка со вас. Почнувајќи од Градоначалникот на Килис, сакам да изразам благодарност и до турската Црвена Полумесечина и до сите тие кои што дадоа свој придонес“, изјави Амбасадорот на Тајван во Анкара Таи-хсианг Ченг потенцирајќи дека сака да соработува со Турција во активностите за доделување на помош.
Градоначалникот на Килис Хасан Кара, исто така изјави дека помошта испратена од Тајван е од врвна важност.
„И покрај тоа што Тајван е земја која што речиси воопшто нема можност да падне под влијание на настаните во Сирија, во време кога некои ги затвораат границите, некои ги затнуваат ушите, Тајван дава помош во име на чвештвото слушајќи го гласот на совеста. Историјата пишува за два вида на луѓе, едниот вид на луѓе се тие кои што дозволуваат луѓето да живеат во ѓубриште затворајќи ја својата врата, својот дух и својата граница, додека другиот вид на луѓе, кои што се спомнати со златни букви во историјата, се тие што го слушаат гласот на својата совест, и даваат подршка кон жртвите и обесправените. Му се заблагодарувам на тајванскиот народ за оваа помош“, изјави Кара кој нагласи дека Тајван и помага на Сирија и покрај далечината од илјадници километри.
Како извршен директор на Светската фондација на бизнисмени од Тајван Џеф Јао, рече дека единствената цел им е да се дистрибуираат овие помоши за Сиријците.
Тој објаснувајќи дека имаат желба да го следат лично извршената работа во врска со Сиријците во Килис рече: „Го цениме турскиот народ заради тоа што им помогнале на нашите браќа Сиријци. Причината поради која што дојдовме тука во Килис e да видиме лично ситуацијата тука. Овој пат донесовме различни облеки. Се надеваме дека ќе ги продолжиме овие хуманитарни помоши особено во врска со образованието."