Ekip
11 Февруари 2017•Ажурирај: 12 Февруари 2017
РИО ДЕ ЖАНЕИРО (АА) - Владата на бразилската јужнa држава Еспирито Санто и воената полиција постигнаа договор за прекин на штрајкот, кој парализираше повеќе градови и доведе до зголемување на насилството во последните неколку дена, пренесува Anadolu Agency (AA).
До договорот дојде откако цела недела штрајкуваа членовите на семејствата на полицајците со оглед дека со закон во Бразил е забрането прекинување на работата на полицита.
Сопругите и роднините ги држеа полицијаците во нивните објекти, барајќи зголемување на платите. Поради тоа владата обвинет повеќе од 700 полицајци за наводно одбивање на работа.
Со договор е прецизирано дека локалната власт нема да подонесе тужби против полицајци кои ќе се вратат на работа денес.
Платите не се зголемени, но владата вети дека ќе го анализира системот за напредување во службата.
Некои од членовите на семејството за локалните медиуми објавија дека тие не биле консултирани за договорот околу прекинот на штрајкот и дека не се согласуваат со таквата одлука, предупредувајќи дека е можно продолжување на штрајкот во неколку полициски станици.
Поради отсуство на полицијата на улиците, во последните неколку дена се затворени училиштата и здравствените установи, јавниот превоз и некои продавници.
Во Еспирито Санто синдикатот кој ја претставува полицијата изјави дека 121 лице се убиени од почетокот на штрајкот. Оваа информација не е потврдена од страна на Владата.