Emel Öz Gözellik
26 Јануари 2018•Ажурирај: 26 Јануари 2018
АНКАРА (AA) - Пожар избувна на аеродромот „Кхон Каен“ во северен Тајланд, јавува Anadolu Agency (AA).
Локалните медиуми изјавија дека најмалку илјада патници биле евакуирани поради пожар на аеродромот „Кхон Каен“ во Муанг.
Аеродромот беше привремено затворен поради пожарот, а летовите беа насочени кон друг аеродром. Според првичните информации, нема смртни случаи или повредени во пожарот.
Како што велат официјалните лица, можно е пожарот да е предизвикан од куса врска во електричниот систем. Пожарот е изгаснат.