Muhammet Nazım Taşcı
01 Јуни 2020•Ажурирај: 02 Јуни 2020
АНКАРА (АА) - Комплексот Таџ Махал, што се наоѓа во градот Агра, Индија, е оштетен како резултат на невремето што го зафати северот на земјата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според информацијата на телевизискиот канал НДТВ, историската градба, која е едно од седумте чуда на новиот свет, поради мерките преземени во борбата против коронавирусот, Ковид-19, од март е затворена за посетителите.
Некои делови од комплексот Таџ Махал се оштетени како резултат на невремето што го зафати северниот дел на земјата за време на викендот.
Меѓу оштетените делови се оригиналните и дополнителните изградени огради во главниот дел на турбето и главната влезна врата.
Поради соборувањето на железните столбови поставени за чистење на куполите на Таџ Махал, оштетени се и подните мермерни плочи.
Од друга страна, силниот ветер собори и голем број дрвја во градината.
Археолошкиот институт на Индија соопшти дека во направената истрага пресметале дека е направена штета од околу 26.500 долари.
Таџ Махал, една од најпознатите монументални гробници на земјата, изградена е за 22 години по смртта на Мумтаз Махал, сопругата на Шах Џахан, во 1631 година и се наоѓа на списокот за светско наследство на УНЕСКО.