Muhammet Nazım Taşçı
18 Ноември 2019•Ажурирај: 19 Ноември 2019
АНКАРА
Во индиската сојузна држава Раџастан дојде до сообраќајна несреќа во која учествуваа автобус и камион. Во несреќата животот го загубија 14 лица, а 18 се повредени, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите објавени во индиските локални весници, сообраќајната несреќа се случила во подрачјето на местото Биканер.
Според првичните проценки, во несреќата загинале 14 лица, а повредените 18 лица се наоѓаат на лекување во локалните болници.
Премиерот на индиската сојузна држава Раџастан, Ашок Гехлот, на својот профил на социјалната мрежа Твитер објави дека жали поради сообраќајната несреќа, изразувајќи им сочувство на семејствата на загинатите, а на повредените им посака што поскоро заздравување.