Muhammet Nazım Taşcı
01 Јуни 2020•Ажурирај: 01 Јуни 2020
АНКАРА (АА) – Во Индија, бројот на случаи со Ковид-19, според веб-страницата „Worldometer“, во последните 24 часа се зголемил за 8.392, со што вкупната бројка се искачи на 190.791, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Бројот на лица што починаа од вирусот Ковид-19 се зголеми за 182 во последните 24 часа и се искачи на вкупно 5.408.
Бројот на случаи со Ковид-19 во сојузната држава Махараштра, која е најпогодена од епидемијата, порасна на 67.655.
По Махараштра, најпогодени од епидемијата се државата Тамил Наду со 22.333 случаи на коронавирусот, Њу Делхи и околните области со 19.844 и Гуџарат со 16.779 случаи.