Ekip
20 Јануари 2018•Ажурирај: 21 Јануари 2018
АНКАРА (АА) - Од Турските вооржуени сили (ТСК) соопштија дека во рамките на операцијата Маслинова гранка, погодени се 108 позиции на терористичките организации ПКК/КЏК/ПЈД-JПГ и ДЕАШ на 7 места, кои биле користени како засолниште и скалдиште за оружје, и нагласија дека 72 авиони безбедно се вратиле во базата за да се подготват за понатамошни мисии, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во писменото соопштение на ТСК се наведува дека операцијата 'Маслинова гранка' во Африн кој се наоѓа во северниот дел на Сирија, кој започна со цел обезбедување на безбедноста и стабилнсота на границите и регионот, неутрализирање на терористите припадници на ПКК/КЏК/ПЈД-ЈПГ, и со цел спасување на пријателскиот и братскиот народ во регионот од суровоста на овие терористи, продолжува според планираното.
Исто така, се вели дека операцијата покрената во рамките на турските права засновани на меѓународно право и резолуциите на Обединетите нации, почитувајќи го територијалниот интегритет на Сирија. Од ТСК велат дека целта на операцијата во Сирија се само терористите, и дека преземени се сите мерки цивилите да не бидат загрозени.