Didar Yüsra Dilruba Öz
06 Јануари 2017•Ажурирај: 06 Јануари 2017
АНКАРА (АА) - Според денешното соопштение од Генералштабот на турската војска, во последните 24 часа, како дел од тековната операција „Штитот на Еуфрат“ се неутрализирани најмалку 32 терористи на ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).
Исто така, 119 позиции, вклучувајќи засолништа на терористичката група, седишта, одбранбени точки и возила се исто така уништени од страна на борците на Умерената сириска опозиција со поддршка на турската армија, се вели во соопштението.
Турските воздушни сили исто така погодија 21 позиција на ДЕАШ во сириските региони Ал Баб и Бзагах, вклучувајќи контролни точки, засолништа, седишта и возила користени од страна на терористите.
Турската армија ги поддржува борците на Умерената сириска опозиција во ослободувањето на Ал Баб од терористичката група ДЕАШ. Денес операцијата го одбележува 136. ден.
Во соопштението исто така се вели дека од почетокот на операцијта се деактивирани 43 мини и 2.757 импровизирани експлозиви.
Операцијата „Штитот на Еуфрат“ е започната од страна на Турција кон крајот на август, со цел да се подобри безбедноста, да им се даде поддршка на коалициските сили и да се елиминираат терористичките закани долж турската граница со помош на борците на Умерената сириска опозиција, поддржани од турската артилерија и авиони.