Muhammed Semiz
02 Јануари 2022•Ажурирај: 03 Јануари 2022
Израелските воени авиони извршија воздушни напади врз воена точка на Хамас во Појасот Газа, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според добиените информации, израелските авиони извршиле последователни напади врз воената точка на бригадите „Изедин ал Касам“, кои се воена гранка на Хамас, во градот Хан Јунус во јужниот дел на Газа.
Очевидците пренесоа дека израелските aвиони извршиле 10 напади едно по друго.
Палестинското Министерство за здравство не даде изјава во врска со тоа дали во нападот има жртви или повредени.
Во вчерашното соопштение на израелската Војска беше наведено дека од Газа биле лансирани 2 ракети, кои паднале во Медитеранот, на отворени води кај подрачјето на Гуш Дан.
Во веста на израелскиот радиодифузен сервис КАН беше истакнато дека израелската Војска донела одлука да возврати на ракетите лансирани од Газа.