Hakan Çopur
19 Мај 2016•Ажурирај: 20 Мај 2016
ВАШИНГТОН (АА) - Во писмената изјава на Белата куќа се вели дека Претседателот на САД Барак Обама имал телефонски разговор со претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган, при што станало збор за ситуацијата во Сирија и борбата против терористичките организации, меѓу кои спаѓа и ПКК, јавува Anadolu Agency (AA).
Во разговорот во кој се зборувало за тековната ситуација во Сирија, двајцата претседатели се согласиле дека се потребни брзи и заеднички напори во борбата за слабеење на дејствувањето на ДАЕШ, како да се победи и да се елиминира капацитетот на терористички напади во Европа, Турција и останатите региони во кои дејствуваат.
Станало збор за продолжување на преговорите за прекин на огнот во Сирија и меѓународна соработка во напредувањето за изнаоѓањето на политичко решение. Била истакната и потребата од зајакнување на соработката во борбата против терористичките организации, меѓу кои спаѓа и ПКК.
Во соопштението претседателот на САД Обама истакнал дека за НАТО е важна безбедноста на Турција како нивен сојузник.