Fatih Hafız Mehmet
09 Април 2019•Ажурирај: 09 Април 2019
АНКАРА (АА) - Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, за последните случувања во Либија телефонски разговараше со неговиот британски колега Џереми Хант, како и со високата претставничка на ЕУ за надворешна политика, Федерика Могерини, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите добиени од диплоаматски извори кои останаа анонимни, Чавушоглу оствари телефонски разговор со Хант и со Могерини.
Шефот на турската дипломатија за време на разговорот со Хант и Могерини се осврна на последните случувања во Либија.
Меѓу другото, за последната состојба во Либија, Чавушоглу вчера телефонски разговараше и со неговиот ителијански колега Енцо Моаверо Миланеси.