Şerife Çetin
07 Јануари 2020•Ажурирај: 07 Јануари 2020
БРИСЕЛ
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во телефонскиот разговор со ирачкиот премиер Адил Абдулмехди, укажа на важноста на Мисијата за обука на НАТО во Ирак, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Заменик-портпаролот на НАТО, Пирс Казалет, преку писмено соопштение нагласи дека Столтенберг и Абдулмехди разговарале за безбедносната состојба во регионот, како и за влијанието на оваа организација врз Мисијата за обука во Ирак.
Столтенберг ја повтори посветеноста на сите сојузници во Мисијата за обука во Ирак. Тој нагласи дека обучувањето на локалните сили е од клучна важност за градењето на стабилноста, како и за борбата против меѓународниот тероризам.
Столтенберг потсети дека НАТО привремено ги суспендирал активностите на Мисијата за обука во Ирак, и дека е подготвен за повторно започнување на активностите по подобрување на безбедносната состојба.
Генералниот секретар на НАТО рече дека ќе продолжи блискиот контакт со ирачката Влада, и дека сојузниците на НАТО упатуваат апел за трезвеност.