Behlül Çetinkaya
07 Јануари 2020•Ажурирај: 07 Јануари 2020
ИСЛАМАБАД
Во Пакистан се сруши воен авион за обука од типот „FT-7“, при што загинаа двајцата пилоти на овој авион, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Воздухопловните сили на Пакистан, авионот, кој бил под командата на мајор Харис бин Халид и подофицер Ибадур Рахман, се срушил во близина на градот Мианвали.
Се вели дека двајцата пилоти загинале во несреќата и дека е започната истрага за случајот.
Причината за оваа несреќа ќе биде откриена по завршување на истрагата.
Исто така, во јули минатата година воен авион за обука се сруши во селото Мора Калу при градот Равалпинди. Во оваа несреќа загинаа 13 цивили и 5 војници.