İdris Okuducu
15 Октомври 2017•Ажурирај: 15 Октомври 2017
ЕРБИЛ (АА) - Ирачката војска им даде на пешмергите во Киркук ултиматум до еден час утринава да го напушти аеродромот во тој град инаку ќе започне акција, тврди командантот Кемал Керкуки, јавува Anadolu Agency (AA).
„Ми се јави претставник од ирачката војска и изјави дека сака да ги распореди силите на аеродромот во центарот на градот. Бараше од пешмергите да им го ослободат патот“, појасни Керкуки.
Тој додаде дека барале да им го ослободат патот, а доколку тоа не се случи ќе извршат воена акција.
Спорниот статус на Киркук чека на решение уште од 2003 година и американските инвазии во Ирак, кога курдските сили од северениот дел на Ирак презедоа контрола во градот и кога голем број на курдско население се досели во градот.