Halit Süleyman
27 Октомври 2017•Ажурирај: 27 Октомври 2017
РАКА (АА) - Најмалку 12 лица се ранети откако припадниците на терористичкатата организација ПКК/ПЈД отворија оган на група цивили кои се обидувале да се вратат во сирискиот град Рака, јавува Anadolu Agency (AA).
Мухамед Иса Абу Иса, активист од Рака, за АА изјави дека терористите на ПКК/ПЈД не им дозволуваат на цивилите да се вратат во местото Мешлеб, источно од Рака.
ПКК/ПЈД ја презеде контролата над Рака, со поддршка на САД.
„Најмалку 12 цивили, меѓу кои и една жена, беа ранети близу местото Мешлеб, откако во нив пукаа припадниците на организацијата“, изјави Абу Иса.
Тој додаде дека ПКК/ПЈД не им дозволува на цивилите да се вратат на своите домови ниту во другите региони околу Рака.
„ПЈД моментално ги ограбува куќите во Рака, а народот сака да се врати во своите домови. Поради тоа, ги спречуваат да се вратат“, изјави Абу Иса, потсетувајќи дека Рака во последните напади е срамнета со земја.
На 6 јуни, со поддршка на САД, ПКК/ПЈД започнаа акција кон Рака, а на 17 октомври ја презедоа контролата над овој град.
Новинарите на АА вчера влегоа во Рака, а на снимките можат да се видат само урнатини во овој град.
Локалната мрежа активисти под името „Рака се убива тивко“ претходно објавија дека за време на нападот на Рака загинале 2.000 цивили, а над 450.000 биле принудени да ги напуштат своите домови. Исто така, се наведува дека над 90 отсто од градот е разурнат.