Ramazan Turgut
12 Јуни 2017•Ажурирај: 12 Јуни 2017
РИЈАД (АА) - Во бомбашки напад врз патролна единица на безбедносните сили, извршена во Ел Катиф, источниот дел на Саудиска Арабија, загина еден, а повредени се двајца припадници на безбедносните сили, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Мансур ет-Турки, изјави дека во текот на ноќта се случил напад во населбата Мансура.
Во нападот, кој Ет Турки го нарече терористички, загинал мајорот Тарик бин Абдуллатиф ел-Алаки.
Ранетите припадници на безбедносните сили не се во животна опасност.
Во Катиф, каде што живее мнозинско шиитско население, често доаѓа до терористички напади.