Ömer Koparan,Eşref Musa
03 Јули 2020•Ажурирај: 04 Јули 2020
АФРИН
Во северниот дел на Сирија, во централниот дел на Африн изведен е терористички бомбашки напад во кој животот го загубија 1 полицаец, а 2 цивили се ранети, јавува Агенција Анадолија (АА).
Експлодираше бомба поставена на пат централниот дел на Африн кој се наоѓа во подрачјето на операцијата „Малинова гранка“ расчистена од теророт. Во нападот загина локален полицаец, а ранети се двајца цивили.
Безбедносните извори информираат дека терористичките бомбашки напади во подрачјето расчистено од теророт ги спроведуваат терористите на ЈПГ/ПКК, но бидејќи во нападите им се наштетува на цивилите, организацијата не сака да ја преземе одговорноста за нападите.
На 24 јуни во центарот на Африн експлодираше бомба поставена во мотоцикл, предизвикувајќи смрт на 2 цивили и ранувајќи 5.
Терористите на ЈПГ/ПКК често спроведуваат терористички активности врз Баб, Азаз, Џарабулус и Африн од областа Тел Рифат, која според договорот меѓу Турција и Русија постигнат на 22 октомври 2019 година треба да биде испразнета од терористичките елементи.