Ömer Koparan,Ethem Emre Özcan
15 Август 2020•Ажурирај: 16 Август 2020
ЏЕРАБЛУС
Во сириското подрачје на Џераблус кое се наоѓа на границата со Турција, е извршен терористички напад со мотоцикл-бомба, при што животот го загуби еден цивил, додека 6 цивили се повредени, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во центарот на Џераблус кој се наоѓа во зоната каде беше реализирана операцијата „Штитот на Еуфрат" во северниот дел на Сирија, експлодираше бомбата која била поставена на мотоцикл во местото во близина на зградата на локалното собрание и Болницата на Џераблус.
Во терористички напад, загина еден цивил, додека шест цивили се повредени.
Локалните безбедносни сили извршија испитување во местото на настанот.
Се претпоставува оти нападот бил извршен од страна на терористичката организација ЈПГ/ПКК.
Инаку, терористичката организација ЈПГ/ПКК ја продолжува својата окупација во Тел Рифат и Мунбич, додека често врши терористички активности во Баб, Азез, Џераблус и Африн.