A. Eda Ünlü Özen
17 Февруари 2016•Ажурирај: 18 Февруари 2016
АНКАРА (AA) - Бројот на загинатите во вечерашниот терористички напад во Анкара, во главниот град на Турција, достигна 28, а 61 лице е повредено, јавува Anadolu Agency (AA).
Заменик на премиерот и гласноговорникот на Владата на Турција Нуман Куртулмуш изјави вечерва дека терористичкиот напад е изведен врз возила кои превезуваа лица на Вооружените сили на Турција додека чекале на семафор на раскрсница на булеварот Инону.
"Во 17:31 часот врз возила кои превезуваа лица на Вооружените сили на Турција изведен е терористички напад додека чекале на семафор на раскрсница на булеварот Инону. За жал, според моменталните информации, во нападите изгубивме 28 наши државјани. Претпоставуваме дека, покрај воените лица, меѓу загинатите во нападот има и цивили“, изјави заменикот премиер и гласноговорник на Владата на Турција, Нуман Куртулмуш. Тој повика на јакнење на соработката во борбата против тероризмот.
"Ја повикуваме меѓународната заедница и понатаму да соработуваме во борбата против тероризмот. Сепак сакам сите да знаат дека на Турција не и се доволни само неколку празни зборови на осудување кои ги слуша. Ова не е прашање преку кое може да се премине само преку неколку едноставни зборови на осуда. Тоа е егзистенционално прашање за Турција", изјави Куртулмуш. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја откажа утрешната посета на Азербејџан, а турскиот премиер Ахмет Давутоглу ја откажа посетата на Брисел.
"Оние кои мислат дека со употреба на терористичките организации нашата земја и народот можат да ги одалечат од зацртаните цели, многу се лажат", рече претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган во своето обраќање по вечерашниот терористички напад во Анкара.
"Секон ден уште поодлучно ќе ја водиме нашата борба со марионетите кои го извеле овој напад и со силите кои стојат позади нив, а кои изведоа напад кој нема никаква морална граница, а ни граница на хуманост", рече претседателот на Турција.
Терористичкиот напад во Анкара го осудија НАТО, Германија, Велика Британија и Соединетите Американски Држави (САД). Министерот за правда на Турција Бекир Боздаг изјави дека експлозијата во Анкара ја предизвика автомобил-бомба.
"Оние кои денес го изведоа злобниот терористички напад и оние кои го испланирале и кои им даваат поддршка на напаѓачите и кои издале упаства, мора добро да знаат дека Република Турција до сега не потклекна ниту пред една терориситчка организација. Ни по овој напад нема да потклекне. Ќе одговараат за секој терористички напад", рече Боздаг.