Ali Cura
29 Мај 2016•Ажурирај: 30 Мај 2016
КИЕВ (АА) - Во пожарот до кој дојде во местото Леточки, во близина на Киев, загинаа 17, а повредени се пет лица, јавува Anadolu Agency (AA).
До пожарот во двокатницата дојде во доцните ноќни часови, а причината е сè уште непозната.
Во утринските часови противпожарните екипи успеаа да го изгаснат огнот.
Според наводите на гувернерот на Киев, Максим Мелничук, претседателот на Украина, Петро Порошенко, на семејствата на загинатите им изрази сочуство.