Cemal Aşan
31 Март 2016•Ажурирај: 02 Април 2016
ВАН (АА) - Судот во источната турска покраина Ван поради шпионажа осуди двајца Иранци на по шест години и осум месеци затвор, јавува Anadolu Agency (AA).
Кривичниот суд во Ван на утринското рочиште им изрече пресуда на двајца Иранци кои се претходно уапсени под соменение дека во Турција дошле за да киднапираат ирански пилот и мајор кој минатата година пребегал во Турција поради обвинение дека работел против иранскиот режим.
Судот за виновни ги прогласи осомничените за „намера преку шпионирање да дојдат до забранети податоци” и им изрече казна затвор во траење од по шест години и осум месеци.
На денешното рочиште присуствуваа осудените Татари и Делахзи, како и нивните адвокати.
Осудениот Делахзи во текот на судењето одбивал да ги прифати наводите од обвиннието и тврдел дека во Иран работел како таксист а во тускиот Ван не дошол со намера да се занимава со шпионажа.
И Татари тврди дека е невин. Тој во текот на исказот на суд тврдеше дека во Ван дошол со цел да пронајде лице кое во Иран се претставува со прекарот „аџија”, но дека по неуспешната кратка потрага се откажал од потрагата по тоа лице.
Обвинителството во Ван побарало изрекување на казна затвор во траење од по 12 години.