Haydar Hadi
14 Јуни 2017•Ажурирај: 15 Јуни 2017
БАГДАД (АА) - Топлотен бран го зафати Ирак, a жителите на главниот град Багдад спасот го наоѓаат под тушевите поставени на улиците, јавува Anadolu Agency (AA).
Дневните температури повисоки од 50 степени Целзиусови во Багдад ги отежнуваат секојдневните активности на луѓето, а сопствениците на продавниците и на кафулињата на улиците поставија тушеви под коишто минувачите со задоволство се разладуваат и го продолжуваат патот со мокра облека.
„Температурата на воздухот сега е 51 степен. Работиме и постиме, а дополнително проблем ни е постојаната редукција на струјата. Ова е неподносливо. Спас наоѓаме под тушевите на улиците“, вели Багдад Мухсин Aвад.
Топлотниот бран ги зафати и другите ирачки градови, а жителите од јужна Басра и од други места, најчесто се разладуваат во реките.
Од Институтот по метеорологија предупредуваат дека топлотниот бран во овие делови на Ирак може да продолжи до крајот на оваа недела.