Hakan Çopur
08 Јуни 2019•Ажурирај: 09 Јуни 2019
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговата земја склучила договор со Мексико околу прашањето за мигрантите, и дека царините кои планирал да ги наметне во таа земја, се запрени, јавува Anadolu Agency (AA).
Трамп на својот профил на Твитер напиша дека царините, за кои најави дека ќе бидат воведени на Мексико, се запрени на неодредено време.
„Задоволство ми е да потврдам дека Соединетите Американски држави и Мексико постигнаа договор [за запирање на нелегалните мигранти]. Царините кои САД ги најавија на Мексико, во понеделникот се запрени на неодредено време“, напиша Трамп.
Американскиот претседател појасни, дека според споменатиот договор, Мексико ветило дека ќе го запре приливот на нелегални мигранти.
„На овој начин се намалуваат или потполно се елиминираат нелегалните миграции од Мексико кон САД. Стејт департментот брзо ќе ги објави деталите на договорот. Ви благодарам“, порача Трамп.
По повод постигнувањето договор меѓу двете земји, шефот на американскиот Стејт департмент, Мајк Помпео, се заблагодари на мексиканскиот колега Марсело Ебрард.
Трамп потврди дека кон крајот на минатиот месец е постигнат напредок во разговроите со Мексико за запирање на приливот на мигранти во САД, но дека, доколку натаму не дојде до договор, ќе започне наплатата на 5 отсто царина за мексиканската стока.
Тој тогаш порача и дека земјите на Јужна Америка не прават ништо за да ги запрат мигрантите кон САД, и порача дека споменатите царини секој месец ќе растат сѐ додека не достигнат ниво од 25 отсто.