Betül Yürük
21 Април 2019•Ажурирај: 22 Април 2019
ЊУЈОРК (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп понуди помош за народот на Шри Ланка, земја која денес беше погодена со низа терористички напади, јавува Anadolu Agency (AA).
„САД изразуваат сочувство до народот на Шри Ланка и подготвени сме за помош“, напиша Трамп на Твитер за нападите во кои загинаа 207, а ранети се 450 лица.
Утринава се случија напади во местата Кочхикаде, Негомбо и Батикалоа, како и во хотелите „Шангри Ла“, „Синамон гранд“ и „Кингсбери“ во главниот град Коломбо.
Потоа беа извршени напади недалеку од Зоолошката градина во Дехивала, предградие на Коломбо и во предградието Детамогода.
Меѓу загинатите лица се наоѓаат 27 странски државјани. Во нападите загинаа и двајца државјани на Турција.