Emre Aytekin
20 Јануари 2021•Ажурирај: 20 Јануари 2021
ВАШИНГТОН (АА) - Последниот ден во Белата куќа, американскиот претседател Доналд Трамп донесе одлука за помилување на 73 лица, вклучувајќи го и поранешниот главен советник на Белата куќа Стив Банон, јавува Агенција Анадолија (АА).
Одлуките на Трамп, со кои се амнестирани 73 лица и се намалени казните за 70 лица, се објавени по полноќ кога истече неговиот мандат.
Меѓу помилуваните е и поранешниот главен советник Стив Банон, како и некои лица од светот на музиката и спортот, поранешни конгресмени и некои роднини на Трамп.
Во одлуката во врска со Банон е наведено дека тој е важен лидер во конзервативното политичко движење и дека е познат по својата интелигенција и предвидувања. Стив Банон е уапсен под обвинение дека учествувал во нелегални работи на кампањата „Градиме ѕид“, започната за изградба на ѕидот на мексиканската граница.
Меѓу помилуваните е и поранешниот градоначалник на Детроит, Кваме Килпатрик, обвинет за примање мито и измами за време на неговиот мандат, потоа инженерот и технолошки претприемач Антони Левандовски, обвинет за кражба на тајни за автомобилите без возачи на Гугл, и израелскиот државјанин Авием Села, кој е обвинет за шпионажа.
Изведувачот на рап-музика, Двејн Мајкл Картер Јуниор, познат под уметничкото име Лил Вејн, осуден поради поседување пиштоли и куршуми без дозвола, е исто така помилуван. Помилувани се и некои членови на Конгресот од Републиканската партија.