Diyar Güldoğan
08 Мај 2025•Ажурирај: 10 Мај 2025
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп денес објави дека и официјално е заклучен договорот за ретки минерали со Украина, јавува Анадолу.
„Тукушто го заклучивме договорот за ретки минерали со Украина, кој е целосно ратификуван и одобрен од нивните законодавни тела“, изјави Трамп во Белата куќа.
Трамп истакна дека наскоро ќе разговара со украинскиот претседател Владимир Зеленски.