Islam Doğru
04 Јули 2020•Ажурирај: 05 Јули 2020
ЊУЈОРК (АА) – Во Соединетите Американски Држави (САД) во последните 24 часа како последица на Ковид-19 починаа 608 лица, вкупно 132.112 од почетокот на епидемијата, јавува Агенција Анадолија (АА).
САД е и понатаму земја со најмногу заразени и починати како последица на Ковид-19.
Податоците на „Worldometer“, интернет страницата на која се достапни информации за епидемиолошката состојба во светот, покажуваат дека во САД бројот на заразени во последните 24 часа е поголем за 53.654, и изнесува 2.891.380.
Бројот на починати од новиот тип коронавирус во последните 24 часа во САД е поголем за 608, со што вкупнaта бројка изнесува 132.112.
По САД, земји со најголем број на заразени во светот се Бразил (1.545.458), Русија (674.515) и Индија (651.315).
Њујорк, и покрај трендот на пад на дневниот број на заразени и починати од Ковид-19 и понатаму е најпогодена американска сојузна држава од коронавирусот.
Во Њујорк досега со вирусот се заразени 420.774 лица, додека од последици предизвикани од вирусот починаа 32.191 лице.
Следуваат сојузните држави Калифорнија со околу 252.000 заразени и Тексас со повеќе од 190.000 заразени.
Во САД се извршени 36.301.000 милиони тестирања, а бројот на оздравени надмина 1.235.000 лица.