Dildar Baykan
10 Октомври 2019•Ажурирај: 11 Октомври 2019
ВАШИНГТОН
Претседателот на САД, Доналд Трамп, истакна: „Некои од нас, во овој регион [северниот дел на Сирија] сакаат да испратиме десетици илјади војници и да ја започнеме војната од почеток. Турција е членка на НАТО. Некои пак ни велат ’Останете надвор и дозволете Курдите да ја водат својата војна, и покрај нашата финансиска помош‘“, пренесува Anadolu Agency (AA).
Трамп во соопштението на Твитер, истакнувајќи дека Турција долго време планира да ги нападне „Курдите“, нагласи: „Тие [Турција и ЈПГ/ПКК] долго време се во кавги. Ние немаме војници во близина каде што се изведува операцијата.“
Тврдејќи дека се обидува да стави крај на војните кои немаат крај, Трамп рече:
„Разговараме со двете страни. Некои од нас сакаат да испратиме десетици илјади војници во овој регион [северниот дел на Сирија] и да ја започнеме војната од почеток. Турција е членка на НАТО. Некои пак ни велат ’Останете надвор и дозволете им на Курдите самите да ја водат својата војна, било тоа и со наша [американска] финансиска помош.‘ Јас реков дека доколку Турција не ја игра играта според правилата, тогаш остро ќе ги удрам на економско поле со тешки санкции.“
Трамп, исто така нагласи дека внимателно ја следи ситуацијата во северна Сирија.