Hakan Çopur
17 Октомври 2017•Ажурирај: 17 Октомври 2017
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот претседател, Доналд Трамп, истакна дека ставањето крај на договорот за иранската нуклеарна програма, како што рече, е „реална можност“, јавува Anadolu Agency (AA).
Трамп пред три дена порача дека нема да го потврди споменатиот нуклеарен договор.
„Можно е целоно ставање крај на договорот, тоа е реална можност“, изјави Трамп во Белата куќа.
Тој нагласи дека новиот американски пристап во врска со ова прашање би можело да биде, како што рече, многу позитивен, додавајќи дека новата стратегија кон Иран е чекор што САД морале да го преземат.
„Ќе видиме што ќе се случи“, истакна американскиот претседател, напоменувајќи дека иранските преговарачи на крајот добиле, според нив, многу квалитетен договор.
„Преговараа за договор кој за нив е сјајен, но за Соединетите Американски Држави е страшен“, додаде Трамп.
Американскиот претседател, Доналд Трамп, на 13 октомври изјави дека нема го потврди иранскиот нуклеарен договор од 2015 година, повикувајќи се на низа нови санкции против Владата во Техеран.
Од друга страна, претседателот на Иран, Хасан Рохани, коментирајќи ја изјавата на американскиот претседател дека нема да го потврди иранскиот нуклеарен договор, рече дека САД нема да можат еднострано да го поништат споменатиот нуклеарен договор.
Делегациите на Иран и на групата 5+1, односно петте постојани членки на Советот и Германија, во јули 2015 година го склучија споменатиот нуклеарен договор.
Договорот во најголем дел од светот е дочекан со одушевување, особено во Техеран. Се смета за нова страница во меѓународните односи, но против него и понатаму гласно се залага Израел.