Haydar Hadi
17 Октомври 2017•Ажурирај: 18 Октомври 2017
БАГДАД (АА) - Откако синоќа ја презедоа контролата во градот Киркук, ирачките безбедносни сили утринава го зазедоа и нафтеното поле Баи Хасан, кое се наоѓа северозападно од градот, јавува Anadolu Agency (AA).
Групата Хашд ал Шаби потврди дека нејзините борци и ирачката војска од утринава во потполност го контролираат и нафтеното поле Баи Хасан, од каде што се повлекоа курдските сили пешмерги.
Станува збор за нафтено поле од коешто Регионалната курдска управа досега произведуваше 280.000 барели нафта дневно, речиси половина од вкупното производство во тој регион.
Киркук е град со нерешен административен статус уште од американската инвазија на Ирак, а стана средиште на нова безбедносна и политичка криза откако Регионалната курдска управа на северен Ирак на 25 септември одржа нелегитимен референдум.