Ayhan Şimşek
19 Јули 2016•Ажурирај: 20 Јули 2016
БЕРЛИН (АА) - Полицијата пронајде нацртано знаме на терористичката група ДАЕШ во собата на авганистанскиот мигрант, кој во воз со секира нападна патници во јужниот дел на Германија доцна синоќа, сериозно повредувајќи три лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерот за внатрешни работи на Баварија, Јоахим Херман, за државната телевизија ЗДФ денес изјави дека мотивот на 17 годишниот мигрант сеуште не е познат, и дека уште е прерано да се зборува за тоа дали се работи за терористички напад.
„За време на претресот на полицијата во собата на осомничениот кој до недоамна престојувал таму, пронајдено е нацртано знаме на терористичката група ДАЕШ” , изјави Херман.
„Во моментов, не сакам да шпекулираме. Би сакал да кажам дека подобро е прво да се испита се внимателно”, додаде тој.
Осомничениот беше смртно застрелан од страна на полицијата доцна синоќа кога се обидувал да избега од Хајдингсфелд, мал град во близина на јужниот германски град Вирцбург.
Херман додека дека помеѓу тројцата сериозно повредени патници, се наоѓале кинески туристи.
Тој изјави дека двајца од патниците имале повреди опасни по живот.