Enes Canlı
18 Јуни 2020•Ажурирај: 19 Јуни 2020
ТРИПОЛИ
Снимките од воздух најдобро ги покажуваат последиците кои главниот град на Либија, Триполи, ги претрпе по нападите на нелегитимните милитантни сили кои ги предводи Калифа Хафтар, јавува Агенција Анадолија (АА).
Војската лојална на меѓународно признатата Влада на национално единство обезбеди снимки на АА од воздух на кои се гледа обемот на уништување кое го претпрпеа населбите и јавните објекти на јужниот дел на Триполи.
На снимките се гледаат уништени продавници и други објекти, како и остаток од тенк кој останал на улицата.
Водичот на нелегитимните сили од источниот дел на Либија, Калифа Хафтар, во април минатата година започна напади за заземање на Триполи, во што го спречи либиската војска која во текот на изминатите недели бележи големи успеси во борбата против милитантите на Хафтар.
Либиската војска соопшти дека на 4 јуни ја ослободила комплетната покраина Триполи, а потоа и стратешки важниот град Тархуна.
Милитантите на Хафтар и неговите странски платеници се повлекоа од јужните делови на Триполи, а зад себе оставија уништени квартови и голем број мински полиња.
На чистењето на минско-експлозивните направи во населбите на јужниот дел од Триполи работат стручни деминерски тимови на Турските вооружени сили (ТСК).