Ali Cura
09 Август 2017•Ажурирај: 10 Август 2017
КИЕВ (АП) - Тројца украински војници загинаа во судирите со проруските сепаратисти во источна Украина, а деветмина се повредени, јавува Anadolu Agency (AA).
Од украинскиот штаб за борба против тероризмот издадено е соопштение дека во текот на ноќта, на украинските воени единици е извршен напад со забрането оружје од страна на сепаратистичките групи.
Во соопштението се додава дека на огнот на сепаратистите е возвратено и се прават обиди за откривање на загубите на спротивната страна.
„Во текот на ноќта, прекинот на огнот беше прекршен 28 пати. Тројца украински војници загинаа, а деветмина војници се повредени“, се вели во соопштението.
Податоците на Обединетите нации (ОН) покажуваат дека во судирите меѓу украинските војници и проруските сепаратисти, кои започнаа во 2014 година, загинаа повеќе од десет илјади луѓе, од кои 2.700 цивили, а околу 24.000 лица се повредени.