Ekip
29 Август 2018•Ажурирај: 29 Август 2018
БАГДАД (АА) - „Ирачкиот суд денес осуди тројца членови на терористичката група ДЕАШ на смртна казна, откако беа обвинети за вршење напади во западната покраина Анбар“, велат судски извори, јавува Anadolu Agency (AA).
„Кривичниот суд во Анбар доби признанија од тројцата терористи поврзани со ДЕАШ, кои учествувале во низа операции насочени кон цивилите и безбедносниот персонал“, соопшти портпаролот на ирачкиот Врховен судски совет, Абдул-Сатар Бајракдар.
Според Бајракдар, еден од тројцата осудени терористи учествувал во нападот врз воениот штаб во близина на Рамади, друг учествувал во неколку терористички операции насочени кон цивили, додека третиот осомничен учествувал во нападите врз воениот контролен пункт и локалната полициска станица.
И покрај пресудите, сепак денешните смртни казни остануваат предмет на жалба.
Минатата година ирачките официјални претставници објавија дека военото присуство на ДЕАШ во земјата е уништено по тригодишниот конфликт со Армијата поддржана од воената коалиција преводена од САД.
Сепак, Армијата продолжува да врши спорадични операции против долготрајното присуство на групата во северните и западните делови на земјата.