İdris Okuducu
13 Март 2018•Ажурирај: 13 Март 2018
БАГДАД (АА) - Владата на Ирак ја укина забраната на меѓународни летови на аеродромите во Ербил и Сулејманија, градовите на Регионалната курдска управа на северниот дел на Ирак, јавува Anadolu Agency (AA).
Премиерот на Ирак, Хајдар ал Абади, во пишано соопштение наведе дека потпишал Одлука за укинување на ембаргото, кое на аеродромите во Регионалната курдска управа е воведено на 29 септември минатата година.
„Курдската регионална управа се согласи аеродромите да ги предаде под контрола на централните ирачки власти“, појасни Ал Абади.
Регионалната курдска управа на северниот дел на Ирак, на 25 септември минатата година, одржа нелегитимен Референдум за независноста на тој регион, а централната Ирачка влада од Багдад воведе низа санкции во тој регион.