Turgut Alp Boyraz
29 Ноември 2017•Ажурирај: 30 Ноември 2017
ЕРУСАЛИМ (АА) - Поранешниот министер за надворешни работи на САД, Џон Кери, истакна дека во 2015 година, Израел и Египет вршеле притисок на администрацијата на Барак Обама да го бомбардира Иран, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста на весникот „Haaretz“ (Хаарец), Кери во својот говор на форум организиран во главниот град на САД, Вашингтон, нагласи дека во 2015 година, пред потпишувањето на нуклеарниот договор со администрацијата на Техеран, Израел и Египет вршеле притисок на администрацијата на Барак Обама да го бомбардира Иран.
Кери пренесе дека голем број државници го убедувале Вашингтон дека „единствениот јазик што го разбира Иран е бомбардирање“, и додаде дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги поттикнувал САД да го нападнат Иран.
Тој истакна дека знае оти кога би се случило тоа, овие земји што тајно ги поттикнуваат САД да го нападнат Иран, во јавноста ќе ги критикуваат САД, и истакна дека затоа верува дека се работи за една стапица, како што рече тој.
Кери кој се залага за нуклеарниот договор, вели дека не знае дали Иран во наредните 10 или 15 години ќе поседува нуклеарно оружје, но, според него, договорот потпишан во 2015 година е најдобриот договор што САД можеле да го постигнат.
Нуклеарниот договор предвидува да се стави крај на нуклеарната програма на Иран и укинување на санкциите на ОН, а беше потпишан во јули 2015 година, меѓу админситраацијата на Техеран и земјите од П5+1 (САД, Велика Британија, Кина, Франција, Русија и Германија).