Alı Makram Ghareeb
02 Јануари 2020•Ажурирај: 06 Јануари 2020
КИРКУК
Претседателот на Ирачкиот туркменски фронт, Ершат Салихи, истакна дека Ирак не треба да се претвори во воена зона на други земји, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Салихи одржа прес-конференција во градот Киркук, на која ги оцени настаните што се случуваат во неговата земја.
Настаните што се случуваат во последните три дена во Ирак, Салихи, ги опиша како загрижувачки, и рече: „Ирак не треба да се претвора во воена зона на други земји.“
Салихи додаде дека нападот врз Американската амбасада во Багдад кој следуваше по нападот на САД врз базата на „Хашди Шаби“ во Ирак претставува опасен развој на настаните, и дека со загриженост се следат настаните во Ирак.
Истакнувајќи дека појавата на вакви инциденти има негативно влијание врз земјата пред да заврши процесот на формирање на Владата, Салихи рече дека Ирак не е толку силен за да издржи уште еден хаос.
Туркменскиот лидер исто така рече дека Ирак треба да се држи настрана од нападите и судирите на другите држави.
Стотици луѓе се собраа пред Амбасадата на Соединетите Американски Држави (САД) во Багдад за да протестираат против нападот на САД врз бригадите на Хезболах, поврзани со „Хашди Шаби“, поддржувачите на шиитските милициски сили во Ирак.
Демонстрантите ја скршија вратата на Американската амбасада во заштитената Зелена зона во Багдад, каде што се наоѓаат и владините згради.