Mahmut Atanur
02 Јануари 2020•Ажурирај: 03 Јануари 2020
ЏАКАРТА
Поројните врнежи од дожд во Индонезија предизвикаа поплави во кои досега животот го загубија 30 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Агус Вибово, портпаролот на Националната агенција за справување со катастрофи (BNPB), потврди дека во поплавите кои се активни од почетокот на годината и кои го зафатија главниот град Џакарта и регионите Депок, Бекаси, Тангеранг и Богор, смртно настрадаа најмалку 30 лица.
Вибово изјави дека бројот на евакуираните од регионите зафатени од поплавите изнесува 64.000 лица.
Многу делови од главниот град се поплавени во новогодишната ноќ, а поради поплавите раселени се 30.000 лица. Смртните случаи главно се предизвикани од давење, хипотермија и од свлечишта.
Џакарта често се соочува со големи поплави поради силните дождови, земајќи предвид дека речиси 40% од градот, кој во моментов брои 10 милиони жители, се наоѓаат под нивото на морето.
Претседателот на Индонезија, Џоко Видодо, во август минатата година најави дека главниот град Џакарта, поради брзото тонење и сообраќајниот метеж ќе биде преселен на островот Борнео.
Низ целата земја синоќа беа потопени околу 169 населби, од кои 63 во Џакарта, 97 на Западна Јава и 9 во провинцијата Бантен.
Во временската прогноза за главниот град кој се соочува со најголемите поплави во последните седум години, метеоролозите најавуваат поројни дождови и во наредните три дена.