Emre Karaca
08 Август 2019•Ажурирај: 09 Август 2019
МОРТОН (АА) - Во рацијата извршена во фабриките за преработка на храна во јужниот дел на американската сојузна држава Мисисипи, приведени се 680 мигранти, пренесува Anadolu Agency (AA).
Метју Албенс, заменик-директор на американската Управа за миграција и царина, истакна дека се приведени 680 мигранти во рамки на рацијата извршена врз седум фабрики за преработка на храна во јужниот дел на Мисисипи.
Албенс нагласи дека е можно оваа рација да е најголемата операција против мигрантите реализирана во оваа сојузна држава во историјата на САД.
Од друга страна, во соопштението на Министерството за правда на САД се вели дека во рамки на кривичните истраги кои се во тек, извршени се мултидимензионални инспекции во регионот.
Деталите за операцијата не се споделени со јавноста.