Erdal Türkoğlu
02 Декември 2020•Ажурирај: 03 Декември 2020
ХАТАЈ (АА) -Турската Хуманитарна фондација ИХХ додели 470 тони зеленчук и овошје во сириските подрачја Африн и Идлиб, јавува Агенција Анадолија (АА).
Јусуф Тунч, претставник на ИХХ задолжен за работите во Сирија, истакна дека продолжуваат со активностите за помагање на семејствата кои се погодени од војната.
Тој информира дека донациите се испратени од Турција, се доделени во Сирија.
„Со влошување на зимските услови, сè повеќе се отежнува животот во регионот. 470 тони зеленчук и овошје испратени од Анадолија во Сирија, им ги доставивме на цивилите во регионот, пред сè на лицата кои се наоѓаат во бегалските кампови“, додаде Тунч.
Според него, ќе продолжат со реализирање на хуманитарните активности насочени кон Сиријците.