Dildar Baykan
24 Јули 2020•Ажурирај: 25 Јули 2020
ВАШИНГТОН
Амбасадорот на Република Турција во САД, Сердар Килич реагираше на претходниот коментар на американскиот потпретседател Мајк Пенс за враќањето на статусот на џамијата Аја Софија, јавува Агенција Анадолија (АА).
По состанокот со американскиот архиепоскоп Елпидофорос, Пенс на Твитер повика Аја Софија да остане извор на инспирација за сите религии, а на тоа реагираше турскиот амбасадор Килич.
„Аја Софија останува отворена за припадниците на сите религии. Нејзините историски фрески и мозаици ќе бидат чувани, токму како што беа чувани и во изминатите 500 години“, порача Килич.
Амбасадорот Килич постави и прашање дали архиепископот Елпидофорос може исто тоа да го каже за османлиското и муслимански наследство на тлото на Грција.
Пенс по состанокот со архиепископот Елпидофорос исто така изјави дека ја поддржува грчката православна црква. Тој изјави дека зачувувањето на верските слободи е еден од главните принципи на американската надворешна политика.