Ferdi Türkten
16 Септември 2022•Ажурирај: 16 Септември 2022
САМАРКАНД (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска во Самарканд се сретна со индискиот премиер Нарендра Моди, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ердоган и Моди се сретнаа во рамките на Самитот на шефови на држави на Шангајската организација за соработка, што се одржува вчера и денес во Самарканд, Узбекистан.
Средбата се одржа зад затворени врати.