Mustafa Deveci
16 Септември 2022•Ажурирај: 18 Септември 2022
ХАРКОВ (АА) - Претседателот на Украина, Владимир Зеленски, доцна синоќа соопшти дека е пронајдена масовна гробница во Изиум, во областа Харков, кој пред околу една недела беше ослободен од страна на украинските сили, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Зеленски во изјавата споделена на својот профил на социјалните мрежи напиша: „Најдена е локација на масовна гробница во Изиум во регионот на Харков. Неопходните истраги се во тек. Утре ќе има повеќе и појасни информации.“
Нагласувајќи дека меѓународните и украинските новинари денеска ќе одат во Изиум, Зеленски рече: „Сакаме светот да види што се случува и што предизвика руската окупација. Прво Буча, потоа Мариупол, сега Изиум. Треба да сносат одговорност за тоа.“
Во соопштението на Министерството за одбрана на Украина дадено на Твитер се истакнува дека безживотните тела на 440 луѓе се пронајдени во масовна гробница во Изиум кој неодамна беше ослободен од руска контрола.