Merve Yıldızalp
11 Февруари 2025•Ажурирај: 12 Февруари 2025
ЏАКАРТА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган пристигна во главниот град на Индонезија, Џакарта, во рамки на неговата официјална посета на неколку азиски земји, јавува Анадолу.
Ердоган на Воениот аеродром „Халим Перданакусума“ беше пречекан од страна на индонезискиот претседател Прабово Субианто, турскиот амбасадор во земјата Талип Кучукџан и други официјални лица.
Ердоган утре во претседателската палата Богор треба да се состане со неговиот индонезиски колега Прабово, а потоа ќе ја предводи првата седница на Советот за билатерална соработка на највисоко ниво.
Најавено е и потпишување на голем број договори, како и учество на индонезиско-турскиот бизнис-форум.
По завршувањето на посетата Ердоган ќе отпатува за Пакистан.
Во делегацијата предводена од Ердоган во Индонезија се неговата сопруга Емине Ердоган, турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, министерот за одбрана Јашар Ѓулер, министерот за енергетика и природни ресурси Алпарслан Бајрактар, министерот за индустрија и технологија Мехмет Фатих Качир и други официјални претставници.