Ali Murat Alhas
18 Јули 2019•Ажурирај: 18 Јули 2019
АНКАРА
Турското Министерство за национална одбрана соопшти дека турските воени авиони го погодиле северноирачкиот регион Кандил како дел од операцијата „Канџа“, при што уништиле терористички цели на ПКК во регионот, јавува Anadolu Agency (AA).
Во официјалното соопштение на Министерството се вели дека во нападот исто така биле уништени и складишта за оружје и засолништа на терористите на ПКК.
Операцијата „Канџа“ започна на 27 мај од страна на турските сили против терористичката организација ПКК во подрачјето на Хакурк, во северен Ирак.
Досега турската Армија неутрализираше најмалку 84 терористи.
ПКК е сепаратистичка терористичка организација која се наоѓа на листата терористички организации на Турција, Европската Унија (ЕУ) и Соединетите Американски Држави (САД). Во текот на тридецениската терористичка кампања против Турција, терористите на ПКК убија најмалку 40.000 луѓе.