Fahri Aksüt
19 Април 2020•Ажурирај: 21 Април 2020
АНКАРА (АА) - Турските безбедносни сили запленија огромни количини оружје и муниција на терористичката организација ПКК во текот на антитерористичките операции во северен Ирак, соопшти турското Министерство за одбрана, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството истакна дека се откриени засолништа и пештери што ги користела терористичката организација во регионот на Хакурк.
Запленети се четири автоматски пушки, снајперска пушка, еден минофрлач со калибар 82 милиметри, седум минофрлачи со калибар од 120 милиметри, 28 противтенковски рачни ракетни фрлачи РРФ-7, девет ракети за РРФ-9, една импровизирана експлозивна направа, рачни гранати и големи количини муниција. Во операцијата се запленети и намирници и документи.
„Сите пронајдени материјали се уништени“, соопшти Министерството.
Терористите на ПКК го користат подрачјето на северен Ирак како засолниште и за планирање прекугранични терористички напади во Турција.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.