Merve Gül Aydoğan Ağlarcı
30 Јануари 2021•Ажурирај: 30 Јануари 2021
АНКАРА
Тројцата турски членови на посадата, кои го преживеаа нападот на пиратите на товарниот брод „Моцарт", додека крстареше низ Гвинејскиот залив кај Нигерија, се враќаат назад за Турција, јавува Агенција Анадолија (АА).
Амбасадата на Турција во престолнината Либервил наведе на Твитер дека членовите на посадата Фуркан Јарен, Илхан Суха Татлигул и Бахадир Јесилиалан испратени се од Габон во Турција.
Турскиот амбасадор Нилуфер Ердем Кајгисиз ги испрати од аеродром, а се очекува членовите на посадата да следаат на аеродром во Истанбул во сабота во раните утрински часови.
Амбасадата на Турција во Габон наведе дека тие се чувствуваат добро.
Во саботниот пиратски напад, од 19 членови на посадата, 15 се киднапирани, а еден член на посадата, азербејџански државјанин, е убиен.
Товарниот брод „Моцарт" под знаме на Либерија вплови во неделата во габонскиот Порт-Гентил, но само со тројца членови на посадата.
Во средата, компанијата Боден Шипинг, во чија сопственост се наоѓаше бродот, соопшти дека сите 15 членови се во добра здравствена состојба и дека не добиле никакви повреди.