Ferhat Demircan
25 Февруари 2018•Ажурирај: 26 Февруари 2018
АНКАРА (АА) - Турските вооружени сили извршија акција против припадниците на сепаратистичката организација кои во северен Ирак подготвувале напад, јавува Anadolu Agency (AA).
Од Генералштабот на турската Армија соопштија дека Турските вооружени сили (ТСК) продолжуваат со борбата против терористичките елементи во северен Ирак.
Вчера беше извршен воздушен напад врз упориштата на терористите во регионот Зап. Притоа беа уништени засолниште, скривалиште и објекти за складирање оружје, а по успешната мисија авионите се вратија во базата.