Dildar Baykan
06 Јануари 2021•Ажурирај: 06 Јануари 2021
ВАШИНГТОН
Поддржувачите на политиката на американскиот претседател Доналд Трамп денес се собираат во Вашингтон и протестираат поради резултатите на претседателските избори кои во Соединетите Американски Држави (САД) се одржани на почетокот од ноември минатата година, јавува Агенција Анадолија (АА).
Протестите се организирани во пресрет заседанието на двата дома на Конгресот заради потврдување на изборните резултати и победа на демократскиот кандидат Џо Бајден.
Илјадници поддржувачи на Трамп излегоа на улиците на Вашингтон под слоганот „Марш за Трамп“, а полицијата презема зајакнати безбедносни мерки.
На демонстрантите се обрати поранешниот советник на Трамп, Роџер Стоун.
Трамп и вчера во Џорџија изјави дека ноемвриските претседателски избори биле нерегуларни и дека нема да го признаат изборниот пораз.
Тој на социјалната мрежа Твитер најави дека ќе се обрати на насобраните поддржувачи во паркот Елипсе кај Белата куќа.