Muhammed Ali Toruntay
03 Март 2020•Ажурирај: 03 Март 2020
АНКАРА (АА) - Турските сили неутрализираа девет терористи на терористичката организација ПКК во северниот дел на Ирак, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата ја потврди Министерството за национална одбрана на Турција преку соопштение објавено на социјалната мрежа Твитер.
Во соопштението се вели дека во подрачјето на Кандил во северниот дел на Ирак откриени се терористи заедно со нивните уреди за набљудување.
Исто така се додава дека е извршена воздушна операција во чии рамки се неутрализирани девет терористи на сепаратистичката терористичка организација ПКК.
Во соопштението на Министерството се истакнува дека операциите ќе продолжат со решителност.